Призив на Светиот Дух – молебен за успешен почеток на академската година

По повод почетокот на академската 2021/2022 година, на први октомври 2021 година, во манастирот „Св. Јован Крстител“ во Капиштец, беше одржан молебен – Призив на Светиот Дух за успешен почеток на академската година. Со молебенот чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар. На чинот присуствуваа студентите, наставниот и административниот кадар од Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје и заеднички се помолија за просветување, за да можат студентите со Божја помош да ја совладаат науката над науките и да ги откријат патиштата на богопознанието. По завршувањето на молебенот, на присутните им се обрати митрополитот г. Петар, благословувајќи ги и посакувајќи им успешен почеток на годината.