Архиерејска Божествена Литургија и призив на Светиот Дух по повод почетокот на академската година на Универзитетот во Скопје

На 18.09.2016 година во манастирската црква на свети Јован Крстител во Капиштец, Скопје, со Архиерејска Божествена Литургија со која чиночалствуваше Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и свештенослужители од Скопската православна епархија, а во присуство на г. Никола Јанкуловски ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски декан на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“, декани и продекани од УКИМ, како и студенти од богословскиот и други факултети, започна првиот академски час на студентите од Скопскиот Универзитет.
По отслужената Литургија со Молебен судентите заедно со своите професори се помолија за призив на Светиот Дух и благословена нова академска година.

…Ѓаконот: За да испрати на овие студенти дух на премудрост и разум, да им го отвори умот и устата, и да ги просвети нивните срца за усвојување на поуки и добрите науки, да се помолиме на Господа.

Народот: Господи помилуј.

Ѓаконот: За да всади во нивните срца никулец на премудрост, страв од Бога, и со него да ја отстрани од нивните срца младешката лекомисленост, да им го просвети умот, за да бегаат од злото и да прават добро, да се помолиме на Господа.

Народот: Господи помилуј.

Од Молебенот