Ден на науката во Ректоратот на УКИМ

На 11. ноември 2016 година во Ректоратот на УКИМ беше одбележан Светскиот ден на науката за мир и развој. Настанот го отворија рекоторот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски и проректорот за наука проф. д-р Владимир Петрушевски.

Православниот богословски факултет учествуваше на настанот со свој штанд, на кој беа изложени иданија на наставниците и соработниците на Факултетот објавени во текот на последните пет години.