Дипломски студии (прв циклус)

Прв циклус на факултетски студии

Конкурс за запишување студенти на додипломски студии на студиските програми на Православниот богословски факултет “Свети Климент Охридски” – Скопје во академската 2016/2017 година

Првиот циклус на студии се остварува согласно со закон, Статутот на факултетот и Студиската програма на Факултетот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на прв и на втор циклус на студии.

Студентите од прв циклус на студии имаат право да ги завршат започнатите студии според условите и студиската програма на која се запишале, најдолго во времето што е двапати подолго од пропишаното траење на студиите.

Доколку по истекот на рокот од претходниот став студентот не ги заврши студиите, со одлука на Факултетот се утврдуваат дополнителните услови и рокот за кој студентот може да ги заврши студиите.

Доколку по истекот на рокот настане измена на студиската програма, студентот може да ги продолжи студиите по изменетата студиска програма врз основа на општ акт на Факултетот.