Докторски студии – трет циклус на факултетски студии (во подготовка)

Третиот циклус на студии се остварува согласно со закон, Статутот на Факултетот и Правилникот на Факултетот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус на студии.

Периодот за студирање и истражување се смета за завршен со успешна одбрана на докторска дисертација и објавување на резултатите од истражувањето.

Дисертацијата мора да се предаде на преглед во рок утврден со акт на Наставно-научниот совет.

Студиската програма на докторски студии се состои од предавања, истражувања и изработка на докторска дисертација.

Начините на супервизирање на истражувањата, како и процедурите за проверка на компетенциите за кандидатите што подготвуваат докторат, поблиску се уредуваат со посебен акт.

Кандидатите на трет циклус на студии се сметаат како студенти на докторски студии, но и како истражувачи на почетно ниво.

Поблиски одредби за содржината на програмата за истражување и за рецензентската комисија се содржани во Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трите циклуси на студии.