Монсињор д-р Никола Вривол и г. Григориос во посета на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје

На 29 март 2017 година, монсињор д-р Никола Вривол, еден од долгогодишните раководители на Источно-црковниот институт во Регенсбург, Германија и г. Григориос, сириски митрополит од Адијаман, Турција, го посетија Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, како дел од неколкудневната посета на Република Македонија. Во таа прилика тие имаа можност одблиску да се запознаат со активностите и достигнувањата на Факултетот, а воедно и да се сретнат и со поранешните студенти на Регенсбуршкиот институт од Македонија. За време на нивниот престој во земјата тие остварија …

Отворен ден на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје

Почитувани, На 6 април (четврток), 2017 година се организира Отворен ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Централниот настан е предвиден да се одржи на платото пред Ректоратот, каде што ќе бидат сместени штандовите на факултетите. Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ ќе има свој штанд, кој ќе биде достапен за информирање. Посетителите ќе имаат можност неспоредно, во разговор со наставниот кадар и со студентите, да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција во нашата земја, како и со нејзината долга традиција, …

КОНКУРС ЗА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ

Се известува дека на 29 декември 2016 година во весникот Нова Македонија, како и на интернет страницата на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, е објавен Конкурсот за упис во втор циклус студии на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Право на конкурирање имаат кандидатите што ги исполнуваат следниве општи услови: да завршиле прв циклус студии на соодветни или сродни студии и кои исполнуваат други услови предвидени со студиските програми за организирање втор циклус студии на соодветниот факултет, односно научен институт. Рокови …

ПРОМОЦИЈА НА МИНЕИТЕ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

На 25 декември 2016 година, во храмот „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Битола, од страна на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан беа промовирани македонските изданија на минеите и други богослужбени книги, преведени на македонски јазик од страна на протојереј-ставрофор д-р Јован Таковски, поранешен професор и декан на Православниот богословски факултет (промотивно слово). Настанот беше дел од свеченото одбележување на 35 годишнината од архиерејското служење на митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар. По тој повод, беше промовирана и книгата „Духовната доктрина на свети Климент Охридски“ напишана …

Меѓународна научна конференција – СВЕТИКЛИМЕНТОВИТЕ ПОРАКИ ЗА ЕТИКАТА, МОРАЛОТ И ВРЕДНОСТИТЕ

По повод одбележувањето на 1.100 години од упокојувањето на Свети Климент Охриски, на 5 декември 2016 година на Факултетот за безбедност во Скопје се одржа меѓународна научна конференција „Светиклиментовите пораки за етиката, моралот и вредностите“, на која учествуваа професори и соработници од Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ од Скопје, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски со воедно предавање, како и доцент д-р Дејан Борисов и асистент Бобан Митевски. На отворањето на Конференцијата се обратија деканот на Факултетот за безбедност, Оливер Бачановиќ, ректорот на Универзитетот „Свети Климент …