ИЗВЕСТУВАЊЕ

Согласно препораките за справување со состојбата предизвикана од ‎Ковид19, од 1 ноември 2020 година, администрацијата на Факултет ќе ‎работи само во вторник и четврток од 9 до 14 часот.‎ Во овој период нема да се изведуваат ниту предавања, вежби, ‎консултации, колоквиуми и испити со физичко присуство.‎ Од Деканатот

ПРИЗИВ НА СВЕТИОТ ДУХ МОЛЕБЕН ЗА ПОЧЕТОК НА СТУДИСКАТА ГОДИНА

На 05 октомври 2020 година (понеделник), во 11,00 часот, во манастирот „Свети Јован Крстител“ Капиштец, Скопје ќе се отслужи: Молебен за почеток на новата студиска година и призив на Светиот Дух Присуството е задолжително за генерацијата новозапишани студенти 2020/2021, за студентите од сите студиски години, како и за професорите и асистентите. Со редовна настава ќе се започне на 06.10.2020 година. Декан проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски

Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии

Во согласност со член 149 од Законот за високото образование (Сл. Весник на РМ бр. 82 од 08.05.2018), чл. 208, Уредбата со законска сила за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба ( Сл. весник на РСМ 76, 24.3.2020), Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба ( Сл. весник на РСМ 116, 5.5.2020), став 1, алинеја 2 од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил …

Конкурс за запишување на редовни и вонредни студенти

Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, објавува К О Н К У Р С за запишување на редовни и вонредни студенти во I година во академската  2020/2021 година   Право на упис на Православниот богословски факултет имаат кандидати од православна вероисповед, кои завршиле богословија или гимназија со положена матура, државна или меѓународна. На Факултетот може да се за запишат и кандидати кои завршиле гимназија и положиле училишна матура. Исто така, на Факултетот може да се конкурира и со друго средно образование, но само …

Известување

Врз основа на уредбата на Владата  од 22 мај 2020 година (бр. 44-4414/1), со која е утврден Протоколот за утврдување и постапување на јавните и приватните високообразовни установи на Министерството за образование, Наставно-научниот совет на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, на својата редовна седница одржана на 2 јуни 2020 година донесе ОДЛУКА за начинот на изведување на испитите во јунската  сесија во 2020 година Јунската испитна сесија ќе започне на 15.06.2020, а ќе трае до 31.07.2020. Заради заштита на јавното здравје, здравјето …