Посета на Богословскиот факултет од страна на директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи

На ден 10. 07. 2018 година, директорот на комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи м-р Даријан Сотировски оствари работна средба во просториите на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“, каде се сретна со деканот проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, продеканот за меѓународна соработка проф. д-р Милан Ѓорѓевиќ и сенаторот при УКИМ проф. д-р Дејан Борисов.
На средбата се разговараше за развојот на академската заедница во современи услови, како и за идните предизвици на кои треба државата заедно да работи со научните институции.