Средба на студентите од Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје со студентите од факултетот за исламски науки – Скопје

Од средбата на студентите од Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје со студентите од факултетот за исламски науки – Скопје на тема „Улогата на верските заедници во развојот на младите“, во организација на фондацијата Конрад Аденауер. Средбата се одржа на 30. ноември 2016 година и на неа се обратија доц. д-р отец Милан Ѓорѓевиќ од Православниот богословски факултет и доц. д-р Хасан Џило од Факултетот за исламски науки. Модератор беше доц. д-р Иванка Додовска од Правниот факултет „Јустинијан први“ во Скопје, а собирот го поздрави г-н Роберт Јанев од фондацијата Конрад Аденауер.