Се упокои митрополитот Тимотеј

На 25.11.2024 година, по кратко боледување, на 73 годишна возраст, се упокои во Господа митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Митрополитот Тимотеј во неколку наврати беше претставник на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија во Наставно-научниот совет на Православниот богословски факултет. Ќе остане запомнет како голем поддржувач на дејноста и активностите на факултетот и пример за посветен архипастир на МПЦ-ОА.