Делегација од Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје присуствуваше на свеченото одбележување на празникот Св. Сава Српски во Белград

На покана на Православниот богословски факултет во Белград, Република Србија, а во чест на Св. Сава Српски, Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски” – Скопје, со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, испрати делегација во состав на професорите: проф. д-р Милан Ѓорѓивиќ и проф. д-р Дејан Борисов, како и студентите: Ангел Василковски и Благоја Атанасоски.

На 26.01.2023 година, делегацијата присуствуваше на бдението во чест на светиот Сава Српски, во параклисот посветен на свети Јован Богослов при Православниот богословски факултет во Белград;
На 27.01.2023 година, делегацијата присуствуваше на Светата Архиерејска Литургија во спомен храмот „Свети Сава” во престолнината на Србија, како и на свечената академија одржана во рамките на Православниот богословски факултет. На свечената академија, меѓу останатите професори, свое обраќање имаше и проф. д-р Милан Ѓорѓивиќ – продекан на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Изразуваме голема благодарност до професорите и студентите на Православниот богословски факултет во Белград, за срдечното гостопримство на нашата делегација и се надеваме дека ваквите средби и соработки ќе се умножат и продлабочат во иднина.