Интерен конкурс за избор на демонстратор од областа Црковно пеење

Врз основа на член 163 од Законот за високото образование (Сл. Весник 82 од 08.05.2018 година), член 20 и 53 од Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, член 57 точка 8 од Статутот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, се распишува следниов

ИНТЕРЕН КОНКУРС
за избор на демонстратор од областа Црковно пеење

Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, придружна членка на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје распишува конкурс за избор на демонстратор од областа Црковно пеење
Критериуми за избор
За да биде избран демонстраторот треба да ги исполнува минималните критериуми предвидени во Законот за високото образование, Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Статутот на Факултетот, и тоа:
1. Демонстратор може да биде лице кое е студент на втор или трет циклус студии
2. За демонстратор може да биде избран студент кој ги има завршено студиите од прв циклус студии со просечна оценка од најмалку 8,00
Предност имаат кандидатите кои претходно имале искуство во наставно-образовна дејност
Демонстраторот се избира до завршетокот на 2023 година.
Кандидатите треба да достават:
• Пријава
• Краткa биографија (CV) со контакт телефон и eмаил адреса
• Доказ дека е студент на втор или трет циклус студии
• Доказ дека има завршено прв циклус студии со просек од најмалку 8,00, односно уверение за положени испити од прв циклус студии
Пријавите се поднесуваат најдоцна до 19.02.2023 во Секретаријатот на Факултетот или по електронска пошта на sekretar@pbf.edu.mk и dekan@pbf.edu.mk.