![](https://pbf.edu.mk/wp-content/uploads/2023/12/409990285_870719387880748_3663749532628380144_n-450x295.jpg)
На 20 декември 2023 година во свечената сала „Архиепископ Доситеј“ на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје пред студентите и професорите одржа предавање митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар. Тој зборуваше за современите проблеми со кои се соочува Македонската православна црква, како и за црковниот живот на македонските верници во дијаспората. Студентите имаа можност да му постават прашања на митрополитот и да дискутираат за горенаведените теми.
Ова е прво од низата предавања кои се планирани да се одржат на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје од страна на митрополитите на Македонската православна црква.