Православен богословски факултет "Св. Климент Охридски" - Скопје
Студиска посета на студенти и професори од Православниот богословски факултет во Алба Јулија
На 22 октомври 2026 година, на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје престојуваше делегација од Православниот богословски факултет при Универзитетот „1 Декември 1918“ во Алба Јулија, Романија. Посетата беше дел од студиското патување на четириесет студенти и нивните професори низ Македонија и Грција, посветено на запознавање со византиското духовно и уметничко наследство на Балканот. Гостите ги пречекаа деканот на Факултетот, доц. д-р Илче Мицевски-Игнат, и продеканот вон. проф. д-р Виктор Недески. Романската делегација ја предводеше деканот на Православниот богословски факултет во Алба Јулија, …
Молитвен почеток на академската 2026/2027 година
По повод почетокот на академската 2026/2027 година, денес, на празникот на светите маченички Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија, во манастирот „Св. Јован Крстител“ во Капиштец беше отслужена Света Божествена Литургија, по која беше отслужен и молебен – Призив на Светиот Дух за успешен почеток на новата академска година. Со Светата Литургија и молебенот чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение со свештенослужители – професори од Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје кои се во свештенички чин. На богослужбите присуствуваа …
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Света Архиерејска Божествена Литургија и молебен за почеток на новата студиска година
На 30 септември 2026 година (среда), во 8.30 часот, во храмот „Свети Јован Крстител“ Капиштец, Скопје ќе се отслужи: Света Архиерејска Божествена Литургија, а потоа Молебен за почеток на новата студиска година и призив на Светиот Дух Присуството е задолжително за генерацијата новозапишани студенти 2026/2027, за студентите од сите студиски години, како и за професорите и асистентите. Со редовна настава ќе се започне на 01.10.2025 година. Декан Доцент д-р Илче Мицевски – Игнат
Конечна листа на примени кандидати на додипломски студии во вториот уписен рок на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје
Конечна листа втор уписен рок


