Студиска посета на студенти и професори од Православниот богословски факултет во Алба Јулија

Студиска посета на студенти и професори од Православниот богословски факултет во Алба Јулија

На 22 октомври 2026 година, на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје престојуваше делегација од Православниот богословски факултет при Универзитетот „1 Декември 1918“ во Алба Јулија, Романија. Посетата беше дел од студиското патување на четириесет студенти и нивните професори низ Македонија и Грција, посветено на запознавање со византиското духовно и уметничко наследство на Балканот.

Гостите ги пречекаа деканот на Факултетот, доц. д-р Илче Мицевски-Игнат, и продеканот вон. проф. д-р Виктор Недески. Романската делегација ја предводеше деканот на Православниот богословски факултет во Алба Јулија, вон. проф. д-р Резван Брудиу, заедно со вонр. проф. д-р Оливиу Ботои, предавач д-р Теодора Рошка и асистентот д-р Андреј Мушат.

Средбата помина во срдечна академска атмосфера и беше можност за меѓусебно запознавање со работата на двата факултета, но и за разговор за конкретни можности за идна соработка. Особено беше разгледана можноста за воспоставување партнерство во рамките на програмата Erasmus+, со што би се отворил простор за мобилност на студенти и наставници, како и за заемно учество на научни конференции и други академски активности.

Во знак на пријателство и почит, деканот Резван Брудиу на нашиот Факултет му подари уметничка слика со грбот на владетелското семејство Бранковеану, како и избор од поновите научни изданија на Факултетот во Алба Јулија. На гостите, пак, им беа подарени изданија од научните симпозиуми и конференции организирани од Православниот богословски факултет во Скопје.

По посетата на Факултетот, гостите продолжија со својата студиска програма, посетувајќи го манастирот „Св. Пантелејмон“ во Нерези, а потоа и повеќе значајни храмови и духовно-културни споменици во Охрид.

Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје изразува благодарност за посетата и очекување дека воспоставените контакти ќе прераснат во конкретни форми на академска соработка, размена на студенти и наставници и заеднички научни и образовни активности.

blank blank blank blank blank blank blank blank blank blank blank blank blank blank blank blank blank blank