Конечната ранг листа од првиот уписен рок

Конечната ранг листа од првиот уписен рок

Почитувани кандидати, Ве известуваме дека е објавена Конечната ранг-листа од првиот уписен рок (27.08.2026) за запишување на нови студенти во академската 2026/2027 година на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје. Резултатите и статусот на сите пријавени кандидати можете да ги погледнете во документот во прилог.

Прелиминарна листа од првиот приемен рок

Прелиминарна листа од првиот приемен рок

Приговорите во однос на прелиминарната листа од првиот приемен рок (27.08.2026) на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“-Скопје за академската 2026-2027, кандидатите можат да ги поднесат во Службата за студентски прашања на 2.9. 2026 година, од 08 и 30 часот до 13 и 30 часот.“

Конкурс за втор циклус магистерски и стручни студии во академската 2026-2027 година

Конкурс за втор циклус магистерски и стручни студии во академската 2026-2027 година

Врз основа на член 110 од Законот за високото образование „Службен весник на РМ“ бр.82 од 08.05.2018), на член 57 и 91 од Статутот на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, придружна членка на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, согласно Одлуката донесена на  5. редовна седница на Наставно-научниот совет, одржана на 28.05.2026 година (Зап.5/2026), деканот објавува   К О Н К У Р С за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“- …

Студенти од ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје учествуваа на IX Демирхисарска летна школа

Студенти од ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје учествуваа на IX Демирхисарска летна школа

Студенти од Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје и оваа година беа дел од Демирхисарската летна школа, која по деветти пат ги поврза студентите и професорите од повеќе научни области, со цел проучување и вреднување на културното и духовното наследство на Демир Хисар. Факултетот го претставуваа студентите: Наум Михајловски, Симеон Куковски, Јован Кривокапич и Петар Поп Атансов, предводени од проф. д-р Дарко Анев. Летната школа започна на празникот Иванден со света Литургија во манастирот „Св. Јован Претеча“ во с. Слепче. На свеченото отворање …

Септемвриска испитна сесија

Септемвриска испитна сесија

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТИ ВО ЕСЕНСКАТА СЕСИЈА Електронски во Iknow системот започнува на 10.08.2026год. до 14.08.2026 год. и завршува на 14.08.2026. Во хартиена форма ,т.е. со пријави започнува на 10.08.2026 год. до 14.08.2026 год. и завршува на 14.08.2026. . ВО СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА СТУДЕНТИТЕ ТРЕБА ДА ДОСТАВАТ: 1. ПРИЈАВИ ВО ХАРТИЕНА ФОРМА – ПРАВИЛНО И УРЕДНО ПОПОЛНЕТИ (со напишан сериски број од задната страна како доказ дека испитот е пријавен во I – know системот) 2. ИНДЕКС 3. УПЛАТНИЦА (ЗА ВОНРЕДНИТЕ СТУДЕНТИ – 200 …