СООПШТЕНИЕ
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ПРАВОСЛАВНИОТ БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“-СКОПЈЕ ЗА СТУДИСКАТА 2026-2027 ГОДИНА
ЗАПИШУВАЊЕТО НА НОВИТЕ СТУДЕНТИ ЌЕ БИДЕ ОД 7.9.2026 ДО 10.9.2026 ГОДИНА ОД 8.30 ДО 13 ЧАСОТ ВО ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА СО СЛЕДНИТЕ ДОКУМЕНТИ:
- Индекс (без залепена фолија) и студентска легитимација (индексот и студентската легитимација ги има во книжарниците на факултетите на УКИМ)
- Пријавен лист (образец) за запишување на семестар (образецот можете да го најдете на сајтот на ПБФ во делот База на документи или да го симнете од следниот линк Образец за запишување на семестар)
- Образец за запишување на студенти на прв циклус студии (вои 20)
За пополнување на образецот потребно е да се најавите на линкот: https://uslugi.gov.mk/apply-for-service.nspx?apsUniqueName=DZS-5793 или со скенирање на QR-кодот:
Секој студент потребно е да има активен кориснички профил на ниско ниво за да го пополни образецот и притоа од системот ќе добие два официјално потврдени документи со електронски печат на Државниот завод за статистика: 1. Генериран образец и 2. Потврда за успешно доставен образец. Студентите се должни овие документи да ги достават до факултетот при запишувањето. При пополнувањето во полето број на Индекс, внесете БРУЦОШ. Без овој формулар не можете да запишете семестар.
- Три фотографии (две од 3,5х4,5 см и една од 2х3 см);
- Потврда за:
- Уплатени 700,оо денари – за студентски билтен и за библиотечен фонд, Православен богословски факултет, на жиро сметка 300000000352534, при КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА А.Д. СКОПЈЕ. Надоместокот на оваа точка го поднесуваат сите примени кандидати, во сите категории студенти (вклучително и студентите ослободени од партиципација и кофинансирање, по разни основи). Овој надоместок студентите го поднесуваат секоја учебна година, при запишување на зимскиот семестар.
- Уплатена прва рата од 150,оо ден. (прва рата за зимски семестар за студенти од државна квота) или 12.300,оо ден. (прва рата за зимски семестар за студенти со кофинансирање/вонреден, националност, факултетско образование) на жиро-сметка на Православен богословски факултет: Банка на примачот: КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА А.Д. СКОПЈЕ, Сметка: 300000000352534.
01.9.2026 ПРАВОСЛАВЕН БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ
„СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“-СКОПЈЕ
