Конкурс за втор циклус магистерски и стручни студии во академската 2026-2027 година

Конкурс за втор циклус магистерски и стручни студии во академската 2026-2027 година

Врз основа на член 110 од Законот за високото образование „Службен весник на РМ“ бр.82 од 08.05.2018), на член 57 и 91 од Статутот на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, придружна членка на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, согласно Одлуката донесена на  5. редовна седница на Наставно-научниот совет, одржана на 28.05.2026 година (Зап.5/2026), деканот објавува

 

К О Н К У Р С

за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на

Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“- Скопје,

 во академската 2026/2027 година

Скопје, мај 2026

 

I. Број на студенти

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на факултетите и институтите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, за запишување студенти во студиската 2026/2027 година, се предвидува запишување на следниов број кандидати:

 

СТУДИСКИ ПРОГРАМИ број на

студенти

траење

во

семестри

цена на

студирање

(во евра)

Православен богословски факултет
– едногодишни студии по теологија      10        2       1.500
– двегодишни студии по теологија      10        4       2.000
– едногодишни стручни студии по методика на наставата по религиско воспитание и образование      14        2       1.500

 

II. Право на конкурирање

Право на конкурирање имаат кандидати што ги исполнуваат следниве општи услови:

– да завршиле прв циклус студии на соодветни или сродни студии и кои исполнуваат други услови предвидени со студиските програми за организирање втор циклус студии на соодветниот факултет, односно научен институт.

IIIДокументи за пријавување

Пријавувањето се врши на соодветниот факултет односно научен институт.

Со пријавата кандидатите поднесуваат:

-пријавен лист за запишување;

– благослов од Светиот архиерејски синод;

– диплома за завршен прв циклус студии;

– куса биографија (CV);

– потврда за активно познавање странски јазик;

– препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);

-список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);

– документи за евентуални награди, признанија и други документи.

IV. Рокови за пријавување и запишување

    прв уписен рок                     втор уписен рок
Пријавување на кандидатите      1-16.10.2026                            1-12.02.2027
Запишување на кандидатите  21 и 22.10.2026                          17-18.02.2027

 

ЗАБЕЛЕШКА:

– Во вкупниот износ е вклучена и одбраната на магистерскиот/стручниот труд.

Конкурсот е објавен на интернет страницата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје: http:// www.ukim.edu.mk