Награда за фер плеј освои студентскиот спортски тим од Православниот богословски факултет на Универзитетските спортски натпревари при УКИМ

Со поддршка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Ректорот, Ректорската Управа, Деканите, Менаџментот на УКИМ и Студентското собрание, во техничка организација на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и Универзитетскиот спортски сојуз на УКИМ и оваа година се оддржаа традиционалните Универзитетски спортски натпревари на УКИМ во мал фудбал и кошарка.
Универзитетските спортски натпревари на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје започнаа на 04.12.2023 година, а финалните натпревари за прво место во екипни спортови се оддржаа на 27.05.2024 година.
На натпреварите, оваа година, учествуваа 1953 студенти и 58 официјални лица од 18 факултети членки на УКИМ, како и студентите од Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ од Скопје, кои освоија награда за фер плеј.
Наградите ги додели проф. д-р Биљана Ангелова, Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.