Студенти од Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје учествуваа на Регионалната летна школа во Охрид на тема: „Општество и религија: Етнички групи, идентитет и национализам“

Во Охрид, од 8 до 11 јули 2025 година се одржа регионална летна школа на тема: „Општество и религија: Етнички групи, идентитет и национализам“. Школата беше наменета за млади интелектуалци и идни лидери од Југоисточна Европа, а во организација на Фондацијата Конрад Аденауер во партнерство со „Wilfried Martens Centre for European Studies“.

Летната школа понуди богата програма со предавања, панел-дискусии и работилници на теми од религијата, политиката, граѓанските вредности и културната разноликост. Преку студиски посети низ Охрид – симбол на вековна верска и културна кохабитација – учесниците имаа можност да се запознаат со живата историја на регионот и неговиот дух на соживот.

Покрај академските сесии, школата претставуваше можност и за меѓусебно поврзување на идните теолози, новинари, правници и активисти од Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Србија и Македонија, кои заеднички ја споделија визијата за отворено и толерантно општество.

Со своето активно присуство, студентите од нашиот Факултет дадоа значаен придонес во дискусиите за улогата на религијата во формирањето на личниот и колективниот идентитет, како и за одговорноста на верските заедници во справувањето со национализмот и современите општествени предизвици. Нивната подготвеност да ги споделат перспективите на православното богословие, истовремено отворени за дијалог со претставници од други христијански заедници и секуларни средини, ја збогати академската димензија на школата.

blank blank blank blank blank blank blank blank blank blank blank blank blank blank blank blank