Група за пријателство помеѓу Македонската православна црква и Исламската верска заедница

На иницијатива на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, на 09.03.2023 година, беше формирана првата Група за пријателство помеѓу Македонската православна црква и Исламската верска заедница. На настанот присуствуваа студенти и професори од Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје и Факултетот за Исламски науки во Скопје. Поздравувајќи ја оваа иницијатива, на настанот се обратија поглаварот на МПЦ ОА Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, поглаварот на Исламската верска заедница реис-ул-улема х. хфз. Шаќир ефенди Фетаи, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г. Даријан Сотировски, деканот на Православниот богословски факултет, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски и продеканот на Факултетот за исламски науки, проф. д-р Муаз Агуши.
Групата за пријателство има за цел да создаде простор за меѓусебно запознавање и соработка на младите генерации теолози. Планирано е да се одржат четири модули, каде низ тематски обмислени содржини ќе се негуваат долгорочни и квалитетни меѓучовечки релации.