На 9 декември 2025 година, во кралството Јордан, под покровителство на Неговото Височество кралот Абдулах II, се одржа меѓународната конференција со наслов: „Процесот од Акаба – Балкански меѓурелигиски дијалог“.
Покрај домаќините од Ерусалимската Патријаршија, присутни беа и: Патријархот Антиохиски Јован, Патријархот Српски Порфириј, како и Архиепископот Албански Јован.
Од името на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на конференцијата учествуваше делегација на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, предводена од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски г. Петар.
Во составот на делегацијата беше и д-р Борче Грамбозов, професор по догматика на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, кој со своето присуство ја претставуваше академската заедница на Факултетот и придонесе во богословската димензија на дијалогот.

111

3

7

2
