На заедничка седница на Собранието на Отсекот за Социјална теологија и Религиологија и на Изборното тело за спроведување постапка за избор за пополнување на едно место за член на наставно-научниот кадар во звањето доцент, со научна област „Догматика“, при Катедрата за Религиологија, Философија и Социологија на Богословскиот факултет при Националниот и Каподистриски Универзитет во Атина, како редовен член на Изборното тело учествуваше и доц. д-р Борче Грамбозов, професор по Догматика на Православниот Богословски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Останатите членови на Изборното тело беа:
- д-р Николаос Ксионис, ред. проф.
- д-р Јоанис Курембелес, ред. проф.
- д-р Елени Јанакопулу, вонр. проф.
- д-р Емануил Карагеоргудис, ред. проф (декан).
- д-р Василиос Гаитанис, ред. проф.
- д-р Евстатиос Лианос-Лиантис, вонр. проф.
- д-р Хараламбос Вендис, вонр. проф.
- д-р Христос Филиотис-Влахавас, вонр. проф.
- д-р Јоанис Кроитору, ред. проф.
- д-р Порфириос Георги, ред. проф.
