На 14 ноември 2025 година, на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, се одржаа избори за претседател на Факултетското студентско собрание. Изборниот процес беше спроведен од страна на комисијата во состав: доц. д-р Стефан Гоговски, в.д. продекан и доц. д-р Борче Грамбозов.
За претседателската функција конкурираа двајца кандидати. Во рамките на транспарентен и коректно спроведен изборен процес, најголем број гласови освои Наум Михајловски, студент од трета година, кој беше избран за нов претседател.
На новоизбраниот претседател и на членовите на Факултетското студентско собрание им посакуваме успешна и плодотворна работа. Нека Бог им дарува мудрост совесно и посветено да ги исполнуваат своите одговорности.