Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии во студиската 2022/2023 година

Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, објавува

 

К О Н К У Р С

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ ВО СТУДИСКАТА 2022/2023 ГОДИНА

 

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на факултетите и институтите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, за запишување студенти во студиската 2022/2023 година, предвидува запишување на следниов број кандидати:

– за едногодишни студии по теологија  10 кандидати,

– двегодишни студии по теологија  10 кандидати,

– едногодишни специјалистички студии по методика на наставата по религиско образование  20 кандидати.

Право на конкурирање имаат кандидатите што ги исполнуваат следниве општи услови:

– да завршиле прв циклус студии на соодветни или сродни студии и кои исполнуваат други услови предвидени со студиските програми за организирање втор циклус студии.

Со пријавата кандидатите поднесуваат:

  1. пријавен лист за запишување;
  2. благослов од надлежниот архиереј;
  3. диплома за завршен прв циклус студии;
  4. куса биографија (CV);
  5. потврда за активно познавање странски јазик;
  6. препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
  7. список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку има);
  8. документи за евентуални награди, признанија и други документи.

Кандидатите своите документи ги доставуваат во Секретаријатот при Факултетот, од 20 до 30 септември 2022 година, за првиот уписен рок, и од 10 до 20 јануари 2023 година за вториот уписен рок.

Запишувањето на кандидатите се врши во периодот од 3 до 7 октомври 2022 година за првиот уписен рок,  и од 23 до 27 јануари 2023 година за вториот уписен рок.

Конкурсот е објавен на интернет – страницата:

www.ukim.edu.mk

 

                                                                                                                                                                                     Д е к а н

                                                                                                                                                                    Проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски