Конкурс за запишување студенти на додипломски студии на студиските програми на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски”- Скопје во академската 2025/2026 година

Православниот богословски факултет

„Свети Климент Охридски“ – Скопје, објавува

 

К О Н К У Р С

за запишување на редовни и вонредни студенти во I година во академската  2025/2026 година

 

Право на упис на Православниот богословски факултет имаат кандидати од православна вероисповед, кои завршиле богословија или гимназија со положена матура. државна или меѓународна. Исто така, на Факултетот може да се конкурира и со друго четиригодишно средно образование. Сите кандидати освен богословите, полагаат и приемен испит.

Доколку на конкурсот се пријават поголем број од предвидениот број кандидати, селекцијата ќе се врши врз основа на успехот од средното образование и резултатите од приемниот испит.

Пријавувањето кандидатите за упис го прават на интернет страницата www.upisi.ukim.mk.

На конкурсот кандидатите, во оригинал или заверен препис, ги поднесуваат следниве документи:

  1. пријава за запишување,
  2. оригинални свидетелства за сите класови,
  3. документ за положена матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование),
  4. свидетелство за свето крштение од храмот, каде што е крстен,
  5. одобрение за студии од надлежниот епархиски архиереј,
  6. извод од матична книга на родени,
  7. државјанство,
  8. лекарско уверение,
  9. потврда за уплатени 1.000,оо денари на жиро-сметката  на Факултетот, за студентски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети,
  10. кандидатите кои   конкурираат   за   запишување   како   вонредни студенти, освен горенаведените документи, поднесуваат и потврда дека се во работен однос или дека се редовни студенти на некој друг факултет.

Кандидатите своите документи ги доставуваат во Службата за студентски прашања при Факултетот, на 20 и 21 август 2025 година, за првиот уписен рок, на 12 и 15 септември 2025 година за вториот уписен рок и на 24 септември за третиот уписен рок.

Приемните испити се полагаат на 25 август за првиот уписен рок, на 15 септември 2025 година за вториот уписен рок.

Резултатите од приемниот испит ќе бидат објавени на 29 август за првиот уписен рок и на 18 септември 2025 година за вториот уписен рок.

За оваа академска година ќе се примат 20 редовни и 20 вонредни кандидати.

При запишувањето кандидатите поднесуваат:

  • индекс, студентска легитимација и пријавни листови,
  • три фотографии (2 фотографии со димензии 3,5×4,5 и една со димензии 2×3),
  • потврда за уплатени 700,оо денари за студентски билтен и за библиотечен фонд, на жиро сметката 240000119048129 при УНИ БАНКА.

Запишување на кандидатите ќе се врши: на 4 и 5 септември 2025 за првиот уписен рок и на 23 септември 2025 за вториот уписен рок.

Конкурсот ќе биде објавен на интернет страницата на Факултетот: www.pbf.edu.mk

 

                                                                                                                Д е к а н

                                                                                                 Проф. д-р Дејан Борисов