Митрополитот Георгиј, редовен професор на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, учесник на меѓународниот собир „Од Никеја до денес (325–2025)“ во Белград

2222

На 11 и 12 декември 2025 година, на Православниот богословски факултет во Белград, се одржа Меѓународен научен собир под наслов: „Од Никеја до денес (325–2025): Трајното значење на Првиот Вселенски собор“, во чест на јубилејните 1700 години од одржувањето на Првиот Вселенски собор во Никеја.

На овој значаен собир свое излагање во првата сесија имаше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, редовен професор на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Неговото предавање беше на тема: „Важноста на Vita Constantini на Евсевиј Кесариски како историски извор за Првиот вселенски собор“.

Собирот беше свечено отворен на 11 декември од страна на Неговата Светост патријархот Српски г.г. Порфириј, кој во своето поздравно слово нагласи: „Сведочејќи собрани овде, во ова чесно училиште на божествената наука, за исполнувањето на 1700 години од големиот црковно-историски настан – Првиот Вселенски Собор во градот Никеја во 325 година – и денес сведочиме дека е вистинито трајното Божјо ветување за секогаш присутниот Дух во Црквата…“

Деканот на Православниот богословски факултет во Белград, јереј проф. д-р Србољуб Убипариповиќ, упати добредојде до сите учесници, подвлекувајќи ја важноста на дијалогот за длабинско согледување на историскиот контекст, темите и долговечните последици од одлуките на Првиот Вселенски собор.

Научниот дел од собирот се реализираше во три тематски сесии, опфаќајќи богословски, историски, филолошки и еклисиолошки аспекти на никејското наследство, со што учесниците имаа можност да разменуваат сознанија и да ги продлабочуваат својот научен ангажман на оваа тема.

22222

22222

2222

2222

222

222

22

22