По повод 45-годишнината од своето основање, на 26 декември 2022 година, во свечената сала „Архиепископ Доситеј“ на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје се одржа свечена академија. Во рамките на овој настан им беа доделени дипломи на дипломираните студенти на додипломските и постдипломските студии.
За дадениот исклучителен придонес и постојаната поддршка на Факултетот, на свеченоста беа доделени и јубилејни плакети на:
– Поглаварот на МПЦ г. г. Стефан Архиепископ Охридски и Македонски ОА и Јустинијана Прима;
– Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар – претставник на САС на МПЦ при Наставно-научниот Совет на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје;
– Проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје;
– Г-дин Димитар Ковачевски, претседател на Владата на Република Северна Македонија;
– Г-дин Даријан Сотировски, директор на КОВЗРГ;
– Протојереј-ставрофор Ацо Гиревски, поранешен декан на Факултетот;
– Отец Михаил Таневски.