Одржан меѓурелигиски час за студентите на Православниот богословски факултет и Факултетот за исламски науки

2026 04 24 10 31 50 976

На 23 април 2026 година се одржа меѓурелигиски час за студентите од Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ и Факултетот за исламски науки, во организација на Фондација Конрад Аденауер. Настанот беше посветен на темата „Улогата на теологот во 21-от век: предизвици и компетенции“, со цел поттикнување на академски дијалог, меѓусебно запознавање и продлабочување на меѓурелигиското разбирање.

Во рамки на програмата беше реализирана студиска посета на храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, каде присутните ги поздрави протојереј м-р Трајче Петковски, старешина на храмот. Потоа предавање одржа проф. д-р Анета Јовковска од Православниот богословски факултет, по што следуваше сесија со прашања и одговори.

Учесниците ја посетија и џамијата „Султан Мурат“, каде на истата тема говореше проф. д-р Мухамед Мустафи од Факултетот за исламски науки.

Настанот, со свое присуство, го збогати и професорот Дарко Анев од Православниот богословски факултет.

Средбата заврши со заеднички ручек и неформална дискусија, во духот на почит, соработка и градење мостови меѓу идните теолози.

2026 04 24 10 31 51 020

2026 04 24 10 31 51 020

2026 04 24 10 31 51 042

2026 04 24 10 31 51 042

2026 04 24 10 31 51 098

2026 04 24 10 31 51 098

2026 04 24 10 31 51 108

2026 04 24 10 31 51 108