
На 23 септември 2025 година, во Младинскиот културен центар (кино „Фросина“), на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје му беше доделена благодарница за долгогодишна успешна соработка со Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања – Скопје. Благодарницата беше врачена на свечен настан организиран по повод јубилејот – 60 години од основањето на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Во име на Православниот богословски факултет, благодарницата ја прими проф. д-р Дејан Борисов, кој истакна дека ова признание е поттик и за натамошна соработка и заеднички заложби за научен развој во иднина.