На 6 декември 2023 година, во свечената сала на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, проф. Марта Наѓи од Унгарија одржа предавање на тема: „Култот на свети Наум во унгарската култура и традиција“. На настанот беа присутни професори и студенти од Православниот богословски факултет. Со голема заинтересираност предавањето го следеа и други гости на Факултетот, меѓу кои и неговатата екселенција Андраш Клеин – амбасадор на Унгарија во Република Северна Македонија.
Предавањето ќе биде достапно за пошироката јавност во печатената верзија од годишниот Зборник на Православниот богословски факултет.