Програма на седмиот Светиклиментов научен собир
на тема:
Мисија и секуларизам
Свечена сала на Факултетот, 07.12.2023 (четврток)
10:00
Отворање на научниот собир
10:30
Прва работна сесија
Ѓоко Ѓорѓевски
НА ПАТОТ КОН ЕУ МЕЃУ СЕКУЛАРНОСТА И СЕКУЛАРИЗАЦИЈАТА
Цане Мојаноски
СЕКУЛАРИЗМОТ ВО МАКЕДОНСКОТООПШТЕСТВО – СОСТОЈБИ, ПРИСТАПИ И
ИНТЕРПРЕТАЦИИ
Анета Јовковска
ЦРКОВНИ НАРАТИВИ И СЕКУЛАРНА ИДЕОЛОГИЈА
Илче Мицевски-Игнат
СЕКУЛАРИЗМОТ КАКО ПРОВОКАЦИЈА ЗА ХРИСТИЈАНСТВОТО И ДРУГИТЕ РЕЛИГИИ,
НО И КАКО МОЖНОСТ ЗА ДУХОВНА ОБНОВА НА ОПШТЕСТВОТО
11:10
Дискусија
11:30
Втора работна сесија
Бобан Петровски
ИСТОРИЈАТА НА СРЕДНОВЕКОВНА ЕВРОПАИ ЦРКВАТА: “ИСТРАЖУВАЊА” СО
ПРИМЕНА НА ГЕНЕРАТИВНАТА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА
Дарко Анев
НОВОЗАВЕТНАТА СТРУКТУРА НА РАНОХРИСТИЈАНСКОТО ПОИМАЊЕ НА МИСИОНЕРСТВОТО
Александар Крстаноски
ЦРКОВНОСЛОВЕНСКИОТ ЈАЗИК ВО СЛУЖБА НА МИСИЈАТА НА ЦРКВАТА
Николче Ѓурѓиноски
АРХИЕПИСКОП МЕТОДИЈ И СЛОВЕНСКОТО БОГОСЛУЖЕНИЕ
Стефан Гоговски
СЕКУЛАРИЗМОТ КАКО АПСОЛУТЕН ЛИБЕРАЛИЗАМ
12:20
Дискусија
12:40
Трета работна сесија
Ненад Марковиќ
ДЕЛИБЕРАЦИЈА И ТОЛЕРАНЦИЈА ВО ГРАНИЦИТЕ НА ПОСТ-СЕКУЛАРИМЗОТ –
КОЕГЗИСТЕНЦИЈА ИЛИ НОВИ ЈАЗОВИ?
Виктор Недески
ПРОБЛЕМОТ НА БОГОСЛОВСКАТА СЕКУЛАРИЗАЦИЈА
Кирче Трајанов
КЛЕРИКАЛИЗМОТ И ЛАИЦИЗМОТ ВО ЦРКВАТА
Милан Ѓорѓевиќ
ОТАДЕ РЕЛИГИЈАТА И СЕКУЛАРИЗМОТ
13:20
Дискусија
Светиклиментовиот научен собир е годишна конференција на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“, која за програмска цел го има вмрежувањето на теологијата со другите науки кои се изучуваат на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, како и на другите македонски универзитети и научни установи. Ваквиот интердисциплинарен пристап може да послужи како пример за тоа што означува мисијата на Црквата во современото секуларно општество. Имено, православната теологија е подготвена да го сослуша разнообразието на гласовите во него и напоредно со тоа да го сподели со другите своето сведоштво за Бога, светот и човекот.
Седмиот Светиклиментов научен собир на тема „Мисија и секуларизам“ предлага две заемно конвергентни тематски насоки, при што првата ќе се сосредоточи врз темата за мисијата на Црквата во овој свет и век (saeculum), додека втората ќе се позанимава со односот на световното кон црковната стварност во историјата. Ваквиот пристап има потенцијал да отвори мноштво перспективи кон предложената проблематика, да го охрабри дијалогот меѓу нив како и да ги испита можностите за нивна синтеза. Темата на Собирот ги одразува и двата јубилеја што ги одбележуваме годинава: 1160 години од Моравската мисија на македонските и сесловенски просветители, светите браќата Кирил и Методиј и 80 години од формирањето на Верското поверенство при Главниот штаб на Народноослободителната војска и Партизанските одреди на Македонија.