Се одржа Деветтиот Светиклиментов научен собир на тема „Теологијата и технологиите“

2025 12 10 20 15 24 523

На 5 декември 2025 година, во организација на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, се одржа Деветтиот Светиклиментов научен собир на тема „Теологијата и технологиите“.

Научниот собир беше свечено отворен со поздравниот говор на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан. Во своето обраќање, Неговото Блаженство со особена јасност укажа дека предизвиците што ги носи вештачката интелигенција не смеат да се поимаат со страв, туку со надеж и мудрост. „Мнозина стравуваат дека пред нас се отвораат патишта што не се само неистражени, туку и потенцијално небезбедни по самиот опстанок на човечката култура, па дури и на човештвото. Но светото Православие учи дека стравот не е плод на Светиот Дух, зашто тоа чувство ја затемнува способноста за расудување, додека надежта е она што ја осветлува и ја просветлува. И ако гледаме на технолошкиот развој со очи на надеж, ќе видиме дека не сме оставени сами пред овој предизвик, туку сме придружувани од Бога, кој нè повикува мудро да управуваме со даровите.“, истакна Архиепископот и додаде: „Ако вештачката интелигенција им помага на луѓето да го најдат патот до верата, тогаш таа станува продолжена рака на пастирите. Но таа грижа ќе остане вистинска само ако е водена од дух на смирение, од постојано испитување на мотивите и од свест дека ниту една технологија не може да ја замени Евхаристијата, во која човекот не се среќава со алгоритам, туку со Живиот Бог; дека не може да ја замени литургиската заедница, во која човекот не се среќава со компјутер, туку со богољубиви и богожедни души. Оттаму, ваквите научни средби се едно од средствата коишто Црквата ги презема во тој правец.“

Вршителот на должноста декан на Православниот богословски факултет, д-р Илче Мицевски Игнат, се обрати со зборови кои силно го нагласија парадоксот на современите технологии: „Технологијата ни ветува поврзување, но често гледаме изолирани луѓе; ни ветува пристап до знаење, но создава конфузија; ветува слобода, но лесно создава зависност.“ Тој ја истакна важноста на интердисциплинарниот дијалог, кој го овозможува токму овој собир, посочувајќи дека човекот не живее одделни феномени, духовни, психолошки, образовни или социјални, туку една единствена животна реалност во која сè се испреплетува.

Во рамките на Деветтиот Светиклиментов научен собир, зедоа учество 14 професори:

Проф. д-р Нинослав Марина од Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ говореше за односот помеѓу теологијата и технологијата, нагласувајќи дека човековиот напредок може да биде благослов ако се развива во хармонија со духовните вредности; в. д. деканот д-р Илче Мицевски Игнат посочи на технолошкото дехуманизирање на животот и потребата од духовни решенија кои ќе ја заштитат човечката личност; проф. д-р Дејан Борисов ја анализираше позицијата на Црквата кон технолошките иновации; вон. проф. д-р Анета Јовковска говореше за современите воспитно-образовни предизвици во излагањето „Христијанската педагогија и дигиталниот интерфејс“; доцент д-р Дарко Анев ги отвори прашањата поврзани со Логосот, алгоритмот и Новозаветното слово; проф. д-р Иван Чорбев – декан на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при УКИМ, говореше за етичките импликации на вештачката интелигенција; проф. д-р Дејан Донев од Филозофскиот факултет при УКИМ ги претстави аргументите меѓу трансхуманистите и биоконзервативците; доцент д-р Виктор Недески говореше за богословските и антрополошките перспективи на вештачката интелигенција, истакнувајќи ја важноста на човекот како икона Божја; доцент д-р Борче Грамбозов зборуваше за одговорноста на теологијата во дигиталната епоха, образложувајќи ја темата: „Софтвер и човек како логосно битие“; д-р Стјепан Штивиќ од Теолошкиот факултет при Универзитет во Љубљана постави клучно прашање: „Смееме ли да направиме сè што можеме да направиме?“. Доцент д-р Кирче Трајанов ја разграничи вистинската комуникација од дигиталната симулација; доцент д-р Александар Крстаноски се осврна на значењето на типографијата и црковнословенските богослужбени книги. На крајот, проф. д-р Милан Ѓорѓевиќ го отвори прашањето за егзистенцијалните избори во 21 век на тема: „Аскетика или технофилетизам?“.

Научниот собир го проследија и студентите на Православниот богословски факултет, кои имаа можност активно да се вклучат во дискусиите, поставувајќи прашања, споделувајќи свои согледувања и придонесувајќи кон побогата и подинамична размена на идеи меѓу присутните гости и предавачи.

За сите кои сакаат подетално да ги проследат излагањата, Православниот богословски факултет најавува дека наскоро ќе ја објави видео-документацијата од целиот научен собир на својот официјален YouTube канал, со цел темата да стане достапна и за пошироката јавност.

2025 12 10 20 15 01 884

2025 12 10 20 15 01 884

2025 12 10 20 25 28 037

2025 12 10 20 25 28 037

2025 12 10 20 15 24 523

2025 12 10 20 15 24 523

2025 12 10 20 16 03 920

2025 12 10 20 16 03 920

2025 12 10 20 16 21 507

2025 12 10 20 16 21 507

2025 12 10 20 20 59 665

2025 12 10 20 20 59 665

2025 12 10 20 24 25 238

2025 12 10 20 24 25 238

2025 12 10 20 14 44 214

2025 12 10 20 14 44 214

2025 12 10 20 16 03 920

2025 12 10 20 16 03 920

2025 12 10 20 14 17 484

2025 12 10 20 14 17 484

2025 12 10 20 20 19 100

2025 12 10 20 20 19 100

2025 12 10 20 14 02 484

2025 12 10 20 14 02 484

2025 12 10 20 14 02 913

2025 12 10 20 14 02 913

2025 12 10 20 13 17 837

2025 12 10 20 13 17 837

2025 12 10 20 12 51 271

2025 12 10 20 12 51 271

2025 12 10 20 18 36 110

2025 12 10 20 18 36 110

2025 12 10 20 18 03 319

2025 12 10 20 18 03 319

2025 12 10 20 20 05 146

2025 12 10 20 20 05 146

2025 12 10 20 21 20 638

2025 12 10 20 21 20 638

2025 12 10 20 21 54 864

2025 12 10 20 21 54 864

2025 12 10 20 23 42 269

2025 12 10 20 23 42 269

2025 12 10 20 23 04 555

2025 12 10 20 23 04 555

2025 12 10 20 22 47 549

2025 12 10 20 22 47 549

2025 12 10 20 22 06 992

2025 12 10 20 22 06 992

2025 12 10 20 19 33 662

2025 12 10 20 19 33 662