На 23 мај 2024 година, во свечената сала Архиепископ Доситеј на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, ќе се оддржат Првите Кирилометодиеви научни средби. Настанот произлегува од соработката помеѓу Православниот богословски факултет и Институтот за национална историја.
Настанот е од отворен карактер со почеток во 11.00 часот, а програмата за Првите Кирилометодиеви научни средби е достапна на следниов линк.
Со надеж дека оваа манифестација ќе стане препознатлива во нашата академска заедница и пошироко, ги покануваме сите заинтересирани да придонесат со своето присуство.
Деканат на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, Скопје