Соопштение: Првите Кирилометодиеви научни средби ќе се оддржат на 23 мај на Православниот богословски факултет во Скопје

На 23 мај 2024 година, во свечената сала Архиепископ Доситеј на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, ќе се оддржат  Првите Кирилометодиеви научни средби. Настанот произлегува од соработката помеѓу Православниот богословски факултет и Институтот за национална историја.

Настанот е од отворен карактер со почеток во 11.00 часот, а програмата за Првите Кирилометодиеви научни средби е достапна на следниов линк.

Со надеж дека оваа манифестација ќе стане препознатлива во нашата академска заедница и пошироко, ги покануваме сите заинтересирани да придонесат со своето присуство.

Деканат на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, Скопје