Одлука за Избори
Со одлука бр. 4 од 15.01.2021 година, а врз основа на член 37, став 6 од Законот за високото образование (Службен весник на РМ бр. 82/2018, член 65 од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и член 44 од Статутот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, беа распишани избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје.
Изборот ќе се одвива преку платформата GoolgeForms. За да се овозможи регуларен начин на изборот, најнапред треба да се достават електронски адреси (E-Mail со име и презиме на студентот) на сите учесници (имено повикани се сите редовни и вонредни студенти на Православниот богословски факултет, кои го имаат регулирано уписот во тековната година), кои сакаат да земат учество на изборот за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Православниот богословски факултет. За гласање на претседател земаат учество сите редовни и вонредни студенти (од прв, втор и трет циклус на студии), а додека за избор на членови, гласањето се врши посебно со студентите од секоја година. Тоа значи дека од секоја година посебно ќе бидат изгласани по двајца членови.
Доставувањето на електронските адреси треба да биде до изборната комисија. Електронската адреса на изборната комисија е: glasanje.pbf@gmail.com.
Откако ќе бидат доставени сите електронски адреси: Име Презиме – E-Mail, ќе бидат внесени во платформата Goolge Forms, имено доставувањето на електронските адреси на учесниците треба да биде најкасно 2 дена пред определениот термин за одржување на изборот. Само оние кои ќе ги достават своите електронски адреси до изборната комисија, ќе имаат право на гласање.
Гласањето ќе започне на 15.02.2021 од 12:00 часот.
Гласањето ќе се одвива Online, сите пријавени студенти пред 12:00 часот ќе добијат порака, која ќе треба само да ја отворат, пораката ќе ја добијат од glasanje.pbf@gmail.com. Во пораката ќе треба да наведат еден студент со цело има и презиме како кандидат за претседател и двајца членови за студентското собрание (за избор на членови, секој студент има право само да посочи двајца кандидати од годината во која е запишан: студенти од прва година – кандидати за членови од прва година, студенти од втора година – кандидати само од втора година итн.). Отткако ќе ги напишат името и презимето на кандидатот за претседател и членовите, треба само да притиснат на Submit на крајот од поракта, која ќе им биде посочена во меилот. На тој начин ќе се добие повратна порака од Goolge Forms со потврда дека лицето кое гласало е само евидентирано, но неговиот глас останува во тајност, на крајот откако сите пријавени студенти ќе го завршат гласањето изборната комисија од Goolge Forms ќе добие нотификација на glasanje.pbf@gmail.com дека гласањето е завршено и ќе бидат најнапред покажани гласовите за преседател и потоа гласовите за членови. Со самото тоа изборната комисија ќе ги испечати резултатите и ќе бидат доставени во Деканатот и потоа до верификационата комисија на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје.
За времетраењето на гласањето изборната комисија ќе биде на Onlineна Zoom-Meeting. Резултатите ќе бидат соопштени на сите студенти половина час покасно.
За подетални информации: glasanje.pbf@gmail.com