Известување (06.10.2020)
Врз основа на чл. 65 т. 2, 4 и 17 од Статутот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, придружна членка на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, на Третата седница на Наставно-научниот совет на Факултетот одржана на 5 октомври 2020 година, ја донесе следнава
О Д Л У К А
Се продолжува како и досега со истиот начин на изведување на комбинирана настава, колоквиуми и испити. Имено, при реализацијата на наставата на студиските програми од прв, втор и трет циклус ќе се продолжи со далечинска настава, односно со примена на средства за електронска комуникација, и тоа до крајот на ваквата здравствена состојба во земјата. Во однос на изведувањето на колоквиумите и испитите, тие ќе се изведуваат комбинирано, делумно со физичко присуство согласно протоколите, а делумно со примена на средствата за електронска комуникација.
Д Е К А Н
НА ПРАВОСЛАВНИОТ БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ
Проф. д-р Ѓоко ЃОРЃЕВСКИ