Конкурс за втор циклус студии
Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, објавува
К О Н К У Р С
ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ ВО СТУДИСКАТА 2022/2023 ГОДИНА
Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на факултетите и институтите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, за запишување студенти во студиската 2022/2023 година, предвидува запишување на следниов број кандидати:
– за едногодишни студии по теологија 10 кандидати,
– двегодишни студии по теологија 10 кандидати,
– едногодишни специјалистички студии по методика на наставата по религиско образование 20 кандидати.
Право на конкурирање имаат кандидатите што ги исполнуваат следниве општи услови:
– да завршиле прв циклус студии на соодветни или сродни студии и кои исполнуваат други услови предвидени со студиските програми за организирање втор циклус студии.
Со пријавата кандидатите поднесуваат:
- пријавен лист за запишување;
- благослов од надлежниот архиереј;
- диплома за завршен прв циклус студии;
- куса биографија (CV);
- потврда за активно познавање странски јазик;
- препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
- список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку има);
- документи за евентуални награди, признанија и други документи.
Кандидатите своите документи ги доставуваат во Секретаријатот при Факултетот, од 20 до 30 септември 2022 година, за првиот уписен рок, и од 10 до 20 јануари 2023 година за вториот уписен рок.
Запишувањето на кандидатите се врши во периодот од 3 до 7 октомври 2022 година за првиот уписен рок, и од 23 до 27 јануари 2023 година за вториот уписен рок.
Конкурсот е објавен на интернет – страницата:
http:// www.ukim.edu.mk и на www.pbf.edu.mk
Д е к а н
Проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски