ЈАВНА ТРИБИНА
На 10.12.2010 година во организација на Унијата на жени од Гостивар, се одржа Јавна трибина на тема „Местото на жената во Православната Црква“, а потоа се отвори јавна трибина на многу други прашања од областа на православното верско живеење во нашиот народ. Предавањето се одржа во амфитетарот на зградата на ЕЛЕМ во Кичево со почеток во 17,оо часот и траеше два часа. Присутни беа 200 жени, претежно млади луѓе.
На предавањето, присуствуваше покровителот на Јавната трибина г-ин Мане Јаковлевски, г-ѓа Наташа Саздовска претседател на Унијата на жените, а со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Полошко-куманосвски г. Кирил, присуствуваа и намесништвата од Гостивар и Тетово при Полошко-кумановската епархија на Македонската православна црква и други гости на покана на Унијата на жени од Гостивар.
Предавањето го одржа професорот д-р Ацо Гиревски, декан на Правславниот богословски факултет „Свети Климент Охридски„ во Скопје, кој потоа им се стави на располагање на слушателите и за многу други прашања од областа на православното христијанско живеење кај нас.