Одлука за Студентско собрание
Врз основа на член 37, став 6 од Законот за високото образование (Службен весник на РМ бр. 82/2018, член 65 од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и член 44 од Статутот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, деканот на Факултетот на ден 15.01.2021 ја донесе следнава
ОДЛУКА
за распишување на избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје
Член 1
Се распишуваат избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје
Член 2
Избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Факултетот ќе се одржат на 15.02.2020 година (понеделник) по електронски пат, во период од 10 до 11 часот.
Член 3
За спроведување на изборите за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Факултетот се именува изборна комисија во следниов состав:
- Доцент д-р Анета Јовковска
- Асс. д-р Дарко Анев
- Петар Кабранов, студент
- Марјан Нешевски, студент
- Иван Трајковски, студент
Член 4
Се задолжува изборната комисија од член З на оваа Одлука да ги спроведе изборите за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Факултетот во согласност со Законот за високото образование, Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Статутот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје.
Член 5
Се задолжува изборната комисија од член З на оваа Одлука да донесе Упатство со кое се утврдува нејзината работа и начинот на спроведување на изборите.
Член 5
Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето и се објавува на веб страницата на Факултетот и на огласната табла на Студентската служба.
Декан
Проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски