Отворен ден на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје

Почитувани,

На 6 април (четврток), 2017 година се организира

Отворен ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Централниот настан е предвиден да се одржи на платото пред Ректоратот, каде што ќе бидат сместени штандовите на факултетите.

Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ ќе има свој штанд, кој ќе биде достапен за информирање.

Посетителите ќе имаат можност неспоредно, во разговор со наставниот кадар и со студентите, да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција во нашата земја, како и со нејзината долга традиција, мисија и визија.

Во изложбените простории се предвидени разновидни презентации на активностите и проектите на наставниците и студентите, како и изложба на богата научна дејност на Универзитетот: монографии, учебници, преводи и научни списанија.

Денот е наменет за средношколците од средните училишта во Р. Македонија, но е и убава можност за сите оние што сакаат да дознаат нешто повеќе за програмите на постдипломските и докторските студии на Универзитетот.

Повеќе фотографии и информации може да погледнете на фејсбук страницата на настанот „Ден на виското образование на УКИМ“

Вашето присуство на Отворениот ден за нас ќе претставува особена чест.

Ве очекуваме!