Стиденти од Теолошкиот факултет учествуваа на Втората Демирхисарска летна школа

Од 7 до 14 јули 2018 година се одржа Втората Демирхисарска летна школа. Демирхисарската летна школа како проект започна минатата година, а нејзина цел е истражување, афирмација и промоција на културното и духовното наследство во демирхисарско, со особен акцент на манастирот „Свети Јован Претеча“ во село Слепче. Втората Демирхисарка летна школа се реализира со цел продолжување на долгорочните планови и активности на локалната самоуправа на општина Демир Хисар, а со финансиска поддршка на Министерството за култура, како и со партнерство на: Центарот за истражување на …

Посета на Богословскиот факултет од страна на директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи

На ден 10. 07. 2018 година, директорот на комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи м-р Даријан Сотировски оствари работна средба во просториите на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“, каде се сретна со деканот проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, продеканот за меѓународна соработка проф. д-р Милан Ѓорѓевиќ и сенаторот при УКИМ проф. д-р Дејан Борисов. На средбата се разговараше за развојот на академската заедница во современи услови, како и за идните предизвици на кои треба државата заедно да работи со научните институции.

Започнати предавањата на Вториот циклус на студии по теологија

На 03.02.2018 година, Деканот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски и раководителот на Вториот циклус студии проф. д-р Ацо Гиревски ги започнаа предавањата со третата генерација постдипломци на Вториот циклус студии по теологија. Запишани магистранти од третата генерација се: Николај Киранџиќ, Бобан Митевски, Методија Митановски, Васко Костов и Јован Јовановски.

СТАВ

СТАВ на Наставно-научниот совет при Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје по однос на Предлог-закон за ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истанбулска конвенција) на Владата на Република Македонија   На 06 декември 2017 Владата на Република Македонија усвои Предлог-закон за ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, позната како Истанбулска конвенција. Конвенцијата е донесена на 11. мај 2011, а …

СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД ЧЕТИРИЕСЕТГОДИШНОТО ПОСТОЕЊЕ НА БОГОСЛОВСКИОТ ФАКУЛТЕТ

На 6 декември 2017 година на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје се одржа свечена академија по повод 40-годишнината од неговото основање. На академијата се обрати Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, кој меѓу другото истакна: „Јас верувам дека институција што издржа четири децении и која се потврди како незаменлив фактор во образувањето и образованието за потребните кадри во МПЦ ќе продолжи да биде тоа и за што истата е основана. … Ме охрабрува ентузијазмот што го исполнува овој подмладен состав …