На 17 декември 2018 година на Православниот богословски Факултет „Св. Климент Охридски” – Скопје се одржа втората средба од Меѓурелигискиот час за студиската 2018/2019 година, проект поддржан од фондацијата Конрад Аденауер.
Во присуство на студенти и професори од Православниот богословски факултет и Факултетот за исламски науки, на овој час предавање имаше протоѓакон проф. д-р Ратомир Грозданоски на тема Значењето на Светото писмо за христијаните. Потоа гостите беа запознаени со работата и активностите на Факултетот, по што беше посетена и манастирската црква „Свети Јован Крстител“ – Капиштец.