ПОВИК ЗА УЧЕСТВО – ВТОРА ЛЕТНА ШКОЛА СВ. КЛИМЕНТ Скопје, 12-14 септември, 2017 г.
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО
ВТОРА ЛЕТНА ШКОЛА
СВ. КЛИМЕНТ
Скопје, 12-14 септември, 2017 г.
Во организација на
ИНСТИТУТ ЕВРО БАЛКАН, СКОПЈЕ
Со финансиска поддршка од
МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
и
ГРАД СКОПЈЕ
Летната школа „Св. Климент“ претставува академска програма за студенти, последипломци и докторанди, која нуди интензивни, проблемски ориентирани и научно фундирани курсеви од областа на општествените и хуманистичките науки, со акцент на феномените од средновековното и византиското културно – историско наследство. Овогодинешната Втора летна школа „Св. Климент“ тематски е посветената на историјатот и предизвиците на Охридската архиепископија. Имено, годинава се навршуваат 50 години од возобновувањето на Охридската архиепископија и 250 години од нејзиното укинување. Во тој контекст, школата има за цел интердисциплинарно да ги истражи историските, културните, религиските, теолошките, правните феномени на Охридската а рхиепископија, втемелени на дејноста на св. Климент и неговото трајно влијание за културата и историјата на Македонија. Преку интердисциплинарните предавања, Школата ќе го стимулира критичкото мислење и ќе го подигне разбирањето за Охридската архиепископија, како нераздвојна компонента од културно-историското наследство на Република Македонија. Учесниците на летната школа ќе имаат можност да дебатираат со еминентни и афирмирани професори од областа и да се стекнат со продлабочени академски знаења, верификувани со посебни сертификати.
ПРЕДАВАЧИ НА ЛЕТНАТА ШКОЛА
проф. д-р ЕЛИЗАБЕТА ДИМИТРОВА
Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје
проф. д-р ЃОКО ЃОРЃЕВСКИ
Православен Богословски факултет „Св. Климент Охридски“
проф. д-р ИВАН ЗАРОВ
Институт за старословенска култура – Прилеп /
Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“
проф. д-р МИТКО Б. ПАНОВ
Институт за национална историја – Скопје / Институт Евро Балкан
доц. д-р АЛЕКСАНДАР СПАСЕНОВСКИ
Правен факултет „Јустинијан Втори“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје
ПРИЈАВУВАЊЕ НА УЧЕСТВО
Краен рок за пријавување и испраќање на CV-a: 31 август, 2017 г.
Известување за прифатени учесници: 2 септември, 2017.
Ве молиме испратете ја вашата пријава и CV на следнaтa електронскa адресa: info.evrobalkan@gmail.com
Партиципација за учество не се наплаќа.
Учесниците ќе добијат сертификат за успешно завршување на Летната школа.
За сите прашања можете да го контактирате академскиот координатор на Летната школа м-р Игор Панев, на следната адреса: igor.panev@gmail.com.
Директор на Летната школа: проф. д-р Митко Б. Панов
Пријавата за учество можете да ја преземете на следниов линк:
Пријава за Втора летна школа св. климент 2017