На 25 декември 2016 година, во храмот „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Битола, од страна на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан беа промовирани македонските изданија на минеите и други богослужбени книги, преведени на македонски јазик од страна на протојереј-ставрофор д-р Јован Таковски, поранешен професор и декан на Православниот богословски факултет (промотивно слово).
Настанот беше дел од свеченото одбележување на 35 годишнината од архиерејското служење на митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар. По тој повод, беше промовирана и книгата „Духовната доктрина на свети Климент Охридски“ напишана од страна на митрополит Петар во 1982 година во Рим (промотивна реч на проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски).