СООПШТЕНИЕ (ДРЖАВНО УНИВЕРЗИТЕТСКО ПОЕДИНЕЧНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ШАХ)
Универзитетската спортска федерација информира дека на ден 23.09.2017 година (сабота) ќе се одржи државно универзитетско поединечно првенство на Македонија во шах со кое првенство ќе се одбележи меѓународниот ден на универзитетскиот спорт.
Место на одржување: шаховска сала на шаховски клуб Карпош во Карпош 1.
Акредитација: во 10 часот.
Потребни документи: индекс и лична карта.
Почеток во 10:30 часот.
Ќе бидат прогласени: најдобрите во машка конкуренција, најдобрите во женска конкуренција како и најдобрите севкупни победници.
Кандидатите да се пријават кај претседателот на СППБФ најдоцна до 20.09.2017