На 03.02.2018 година, Деканот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски и раководителот на Вториот циклус студии проф. д-р Ацо Гиревски ги започнаа предавањата со третата генерација постдипломци на Вториот циклус студии по теологија.
Запишани магистранти од третата генерација се: Николај Киранџиќ, Бобан Митевски, Методија Митановски, Васко Костов и Јован Јовановски.