Заупокоена Литургија за нашиот преминат во Господа студент Јане Глигороски и за настраданите во трагедијата во Кочани

blank

Со длабока жалост и молитвено смирение, Православниот богословски факултет ја споделува болката за трагичниот настан во Кочани и за нашиот преминат во Господа студент Јане Глигороски. По тој повод, со благослов на Неговото Блаженство г.г. Стефан, во сабота – 22 март, во 9.00 часот, во манастирот „Св. Јован Крстител“ во Капиштец, ќе се служи Заупокоена Литургија за покој на душите на сите настрадани во неодамнешната трагедија во Кочани, као и за нашиот возљубен во Христа брат Јане Глигороски. Ги повикуваме сите професори, студенти и верници …

Депресијата кај младите и патеките кон превенција

blank

Денес, 27.02.2025 на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје се одржа панел дискусијата „Младост, ум и депресија“. Настанот беше организиран од Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, а во соработка со Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Факултетот за исламски науки и Меѓународниот Славјански универзитет. На настанот присуствуваа студенти, професори и претставници на верските заедници и религиозните групи во државата, а со своето присуство го збогатија деканот на Православниот богословски факултет, проф. д-р Дејан Борисов, деканот на Факултетот …

Академски размислувања за бракот низ призмата на античкото законодавство и црковните канони

blank

На 25.02.2025, Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје го отвори просторот на свечената сала „Архиепископ Доситеј“ за настан кој ги обедини интелектуалните кругови за темата брак. Настанот понуди две длабоки перспективи за разбирање на бракот, преку предавања во кои беа изложени античките законски прописи за бракот и семејната динамика  и развојот на формата на христијанскиот брак од друга страна. Имено, проф. д-р Даниела Тошева-Николовска се осврна на античкото грчко и римско законодавство во врска со бракот. Во своето предавање, таа детално ги анализираше …

Известување за панел дискусија на тема: Младост, ум и депресија

blank

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, во соработка со Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Факултетот за исламски науки и Славјанскиот универзитет, организира панел дискусија насловена „Младост, ум и депресија“. Овој настан се фокусира на проблематиката на депресијата, која, за жал, во последната деценија бележи забележлив раст, особено меѓу младата популација. На панелот ќе учествуваат експерти и студенти кои ќе ја разгледаат темата од различни перспективи – психологија, христијанска педагогија, гешталт терапија и теологија. Модератор на настанот ќе биде Димитар …