Посета на Јан Фигел, специјален пратеник на Европската комисија, на Православниот богословски факултет

На 16 ноември 2018 година, во просториите на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, беше одржана средба на проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Факултетот со господинот Јан Фигел, специјален пратеник на Европската комисија.

На средбата се разговараше за местото и улогата на религијата во современото општество, како и за придонесот којшто верските заедници во Република Македонија може да ѝ го понудат на Европа, посебно преку позитивното искуството на долгогодишниот и квалитетен меѓурелигиски дијалог.