Средба на студентите од Православниот богословски факултет и Факултетот за исламски науки

“Улогата на високообразовните институции во едукацијата на младите: Фокус-Религија” беше темата на средбата на студентите од Православниот богословски факултет “Свети Климент Охридски” – Скопје и Факултетот за исламски науки. Настанот беше организиран од страна на фондацијата Конрад Аденауер, а се одржа во нивните простории на  19 ноември 2018 година.

 Воведен збор  имаа Јоханес Д. Раи од Фондацијата Конрад Аденауер, потоа  проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот  богословски факултет и проф. д-р Шабан Сулејмани, декан на Факултетот за исламски науки – Скопје.

Во рамките на оваа средба студентите има можност да се запознаат со работата  и предизвиците на двете високообразовни институции кои како единствени во земјата овозможуваат образование во областа на теологијата, но исто така и да се информираат за ситуацијата со религиозната едукација во СР Германија и тамошното искуство од оваа област.